Рецитал - музичка позадина,,, италијанска музика
Мелодии од минатото...
МЕЛОДИИ ДИМИТАР МАСЕВСКИ КОМПОЗИТОР - ПЕЕ КАЛИОПИ * КЛАВИЈАТУРА ДУКЕ БОЈАЏИЕВ * ЗАФИР ХАЏИМАНОВ * СЛАВЕ ДИМИТРОВ * ДАНИ ДИМИТРОВСКА - ЏЕЗ ВЕЗ *
Жолти лисја зеленило кога гасат,долг залез од светлоста златна, ми го бистрат погледот од водата матна....
сокол од раката летна, кој го пратив тамо ојде, веднаш се врати, на раката ми слета, од каде летна, повтор ко се врати мене пак ме сретна...
Ѕирка светло ноќта бега, светлото ја светна во светлина своја, не бил само мигот, ноќта стана вечно бела, од зајди до изгреј засекогаш и сега, сонце, зрак-кој ли ќе му бега? ШТРКОТ НА СЛИКА ГО ВИДОВ УШТЕ НЕ МИ Е НА ЈАВЕ, КОЈ ШТРКОТ НА СЛИКА ОД ЈАВЕ ГО СКИНА? МИ ГО ПОКАЖА КАТЕРИНА,,, Во окото солза, солзата од радост блика, во гнездото птица само пој ти клика Род од родот лоза горе вие, лозницата кон врвот како денот врви, зрно и зрнце, дали едно или две се, ни третото од никој таа не го крие Штркот бел е, клунот му е голем, гледам ли, да, да, гледам, штрчињата во гнездото ги чува, ветрецот со лад пак ними ги дува Нели се врати од тогаш ко го снема, појди дојди повтор пак ќе лета и убост ќе враќа, пак не ќе го земат од гнездото свое, светлото не е,темнина,,,да таа тоа ќе е, во гнездото вишно...... светлината сјајна стално ќе го грее Во оваа небиднина глува, татнежот што одамна го снема, бука повтор од тишина го зема Штркот се врати, гнездата празни повтор штркој греат, глеј, штрчињата лет што почнаа да учат, во хор ко клунот што клука, во бескрајот светол шир што крилја вие, песни пеат, од радост солза од окото ти леат Август, 1 2017
музиката е превземена без комерцијални цели