Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Се она што го пропушти на радио, сега може да го слушаш и како подкаст, кога сакаш и каде сакаш.

Send us Fan MailКако изгледа модерната менза во старомодна фабрика? Дали Тик Так ќе го погоди појадокот на Зорка според звукот и крцкавоста? Ако пропушти утринава, ти сумираме во 30 минути!

Send us Fan MailДенес ја модернизиравме Брзај Брзај Прваче. Како звучи новата верзија ќе дозанете ако стиснете плеј...

Send us Fan MailСѐ што пропушти утринава, сумирано во 20 минути!

Send us Fan MailКако една лоша вест да се презентира како добра? Откриваме како Корејците изгледаат така младо. Која е Македонската Доли Партон? Сѐ што пропушти утринава, сумирано во 20 минути!

Send us Fan MailКако изгледа Бразилска сарма и еден куп друг интересни работи. Што пропушти утринава, сумирано во 20 минути!

Send us Fan MailКој Македонски збор би бил идеално Португалско име? Денес, Зорка успешно ја погоди песната која Тик Так ја препеа на Македонски. За која песна станува збор ќе дознаете ако преслушате сé што пропуптивте утринава

Send us Fan MailШто те прави нервозен при чекањето во ред? Тик Так со „ми светна момент“ поврзан со јазикот. Ако пропушти утринава, сумираме во помалку од 30 минути.

Send us Fan MailПочнува и новата сезона. Ако пропушти утринава, ти сумираме цела емисија во помалку од 30 минути!

Send us Fan MailПо наставниците, се јавија и спортските тренери со хорор пораки од родители. Дали волкот е волк или куче, се чудиме исто како што се чудевме од што е направена посебната салама. Кои се првите три работи кои мажите ги приметуваат кај жените? Тик-Так погоди две од три!Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија навидум различни, а всушност многу поврзани теми – од тоа како волкот од „Козле“ стана симбол за „луксузен комшилук“ и шегите дека му ја кренал цената на квадратот во населбата, до пораките што наставниците ги добиваат од родители и границата меѓу грижа и претерување. Се потсетивме и на најгледаната ТВ серија на сите времиња, но и зборувавме колку е важно човек да остане свој и да ја негува сопствената автентичност, без постојано да се вклопува во туѓи очекувања.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка по една недела пауза се обидоа да сумираат сè што се случуваше и што се пропушти во изминатите неколку дена. Од најкреативните дополнителни извори за заработка, преку хајлајтите и најинтересните моменти од неделата, па сè до заклучокот дека едноставно е невозможно баш сè да се раскаже во само 2 часа утринска програма. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailТик Так и Зорка ова утро ја решаваа мистеријата за бројките на личната карта, но не успеавме, иако завршивме со неколку теории. Постојат ли машки и женски пиперки? И дали би пробале млеко од бубашваби? Што пропуштивте ова утро преслушајте овде

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка зборуваа за влијанието на позитивната и негативната енергија во секојдневието, за улогата на социјалните мрежи во тоа како се чувствуваме, како и за поуката од приказната со волкот и овчарот. Споделија и дел од честитките што Тик Так ги доби за својата објава, отворајќи тема за тоа колку лесно може да се излажеме или дефокусираме. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија три интересни теми – како предметите во домот добиваат „втор живот“, колку љубомората е дел од нашиот менталитет и дали жените или мажите се пољубоморни, како и што носи влегувањето на Уран во Близнаци и новиот бран на идеи и комуникација. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија понеделнички муабети со актуелните дојави за бомби во трговски центри, необичен план за пензионирање што звучи предобро за да е вистина и вечната дилема – кој е позлобен во одмаздите, мажите или жените. Дополнително, разговараа и за тоа какво чувство е да се „уловиш“ себеси или некој познат на Google Street View и што тоа значи за приватноста денес. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ една навистина необична мешавина од теми – од вевчанскиот случај кој ја разбранува јавноста, до приказната за Кавадарци како пример за побезбеден град. Застанавме и на Светски ден на гласот, зборувајќи за моќта на гласот што секојдневно го користиме, но ретко го цениме, а откривме и нешто фасцинантно – дека глувците „пеат“ свои ултразвучни љубовни песни.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ време и мисли, од првиот лифт во светот и во Скопје, преку приказната за Ристиќевата палата и колку би вредела денес, па сè до реалноста со цените и недостатокот на бензин. Зборувавме и за тоа како мозокот може да се „наштелува“ да бара позитивни нешта во животот, но и си признавме кои ни се guilty pleasures – оние мали задоволства без кои не можеме. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка - три сосема различни, но подеднакво провокативни теми – од светот на казината и зависностите, до прашањето: што имаат заедничко мажите и бебињата, па сè до тоа како се сака една жена цел живот. Разговаравме искрено, допирајќи ги и слабостите и најубавите страни на човечките односи. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве однесоа 10 години во иднината – во еден ден што не изгледа како што сте го замислувале, каде секоја одлука тежи и секое „утре“ станува предоцна. Но токму кога сè изгледа изгубено, доаѓа најважниот момент – отворање на очите и сфаќање дека сè уште имаме шанса да избереме поинаку. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка разговараа за тоа дали утринското водење љубов навистина може да го подобри денот и да влијае врз успехот на работа. Зошто се повеќе жени денес сакаат романтичен почеток на љубовните врски? Колку навистина ја носиме гардеробата што ја имаме – од просечни 96 парчиња, само 12 редовно се во употреба. Што пропуштивте утринава , сумирано во 30 минути.

Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка зборуваа за зборовите на генерацијата Z – од „кринџ“ и „риз“ до „краш“ и „хајп“, и како некои интернет термини дури влегуваат и во официјални речници. Отворивме и дилема: дали излегувањето со машко/женско друштво е бегство од домот или само мала оддишка од секојдневието.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Send a textУтрото со Тик Так и Зорка почна, информации и рима сочна.Малку факти, малку смеа за секој час,за денот да тргне убаво — за сите вас.Ако не успеа да не слушаш и да се смееш со нас, преслушај овде смеј се на глас

Send a textОд микроскопските фотографии на ситните гадуринки до крупните обиди за влез во непознато. Колку е потребно а некому да го разубавиш новиот ден и новото работно место? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути

Send a textНајавената гужва во центарот на градот со себе донесе прашање за нов бизнис. Истражувавме и дознавме која е Лили Марлен. Дали сте знаеле кој луѓе се со една нога кон отказ секој Понеделник? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Send a textИнспирирани од македонецот кој сакал да оди во затвор заради рехабилитација, Тик Так и Зорка ова утро ви ги претставија најубавите затвори ширум светот. Од библиотеки и музички студија до базени и туристички разгледи, каде се нашите тука? Се што пропуштивте, преслушајте овде

Send a textУтринава Тик Так и Зорка ви решија многу мистерии, нооо ви дадоа и нови на кој одговор треба да побарате и вие. Кој го убил мртвото море, дали првата жена ќе дознае за второто семејство и зошто тихиот океан е толку гласен? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Send a textКои се најлудите пораки кои луѓето му ги поставуваат на ЧАТ ГПТ? Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за доцнењето како неодговорност, но и како знак за креативност! Како и зошто, поради детално чистење една жена завршила во затвор? Се што пропуштивте ова утро, сумираме во 30 минути.

Send a textДенес ги анализиравме најнеобичните машки и женски имиња кај нас, и дојдовме до интересни заклучоци кои ќе ве насмеат. Како звучи вашето име прочитано наопаку? Што храната и сексот имаат заедничко? И една од поинтересните приказни за склуптурите на кои им се молиме. Што пропуштивте денес, сумирано во 30 минути.

Send a textПонеделнички, Тик Так и Зорка ги разгледуваа совршените активности за тим билдинг, со кој колегите би станале. Каде се и што прават вашите соклупници? И колку пари лани дале македонците со надеж дека ќе добијат многу повеќе? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Send a textНе очекува период на ретрограден Меркур, Тик Так и Зорка, ви кажаа како да го надминете. Ви раскажавме за приказната на Панч која го растажи светот и лекцијата која може да ја земеме од неа. Каква песна заслужува Скопје? Што пропуштивте утринава, сумирао во 30 минути.

Send a textУтрово Тик Так и Зорка дебатираа за условите и брзината на растењето на брадата. Колку деца според генетиката може да имаме? И што е совршениот рецепт за квалитетниот сон? И не, не е перницата или темната соба! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Send a textТик-Так прави грешки со Португалскиот кои може скапо да го чинат. Ви откривме какви луѓе ви требаат во тимот на работно место. Што недостига на зимските олиписки игри? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Send us a textДенес учевме нови зборови и фрази кои може да ги искористите во секојдневниот разговор со околината. Што можеме да научиме од генерација Z кога е работната етика и однесување во прашање? И како функционираат пекарите во соседството? Иииииии конечно разбравме што значи фразата "six seven" со ваша помош! Ако не пропушти утринава, преслушај овде

Send us a textПонеделнички во Вторник, после продолжен викенд, се замуабетивме за тоа како влијаат амбициите на едниот партнер во врската/бракот? Важно ли е кој заработува повеќе? И како помина телефонскиот разговор на Зорка со Дедо Мраз? Се што пропуштивте, преслушајте овде

Send us a textКои се здравствените придобивки што имплементацијата на Safe City системот ќе ги даде на воачите? Ја имаме рецептата за долг и среќен живот на пријателите. Какви се казните кои ќе стапат на сила од 2026та? Сé што пропуштивте утринава, преслушајте овде.

Send us a textИма работа за тој што сака да работи, а добриот работник надалеку се вози! Производите за расположување кој отворија милион прашања беа тема на денешната дискусија. За да разбереш се, преслушај ја денешната епизода

Send us a textПоинаков вторник со бизарни медицински повреди и дискусија на тема среќен развод. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

Send us a textПонеделничкото издание со мало доцнење! Што пропушти, преслушај тука!

Send us a textолку варијации на терминот мртов може да има и за што се користат? Што може да научиме од приказната за лакомиот дегустатор и колачињата? И што би бил Четврток ако беше куче или храна? Што се пропштивте ова утро, преслушајте овде.

Send us a textОд првиот расклатен заб, до што кажува твојот чадор за твојот карактер? Знаеш ли за пивското цунами и винската река? И која е омилената народна песна на Тик Так? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде.

Send us a textТик Так и Зорка го проверуваа нивното знаење за значењето на најкористените шпански фрази од теленовелите. Која професија им припаѓа на најголемите инфлуенсери? И што се се крие по подрумите на најголемите институции? Што се пропуштивте денес, преслушајте овде.

Send us a textШто открива шарата на вашиот ирис и што сте биле во претходниот живот? Дали станавме генерација на која и е проблем да се справи со новите гаџети? Ако не пропушти да не преслушаш утринава, преслушај и насмеј се.